1. Ќе се воведе т.н "такса за потпишување" која тимот ќе мора да му ја плати на играчот откако ќе го добие наддавањето на аукцијата.
(такса за потпишување = 50 x (понудената плата - бараната плата))
На пример : Ако за одреден играч понудиш 500 000 и плата од 10 000, ќе мора да платиш 500000 + (50*(10000 - 3500(барана плата)) = 500000 + (50*6500) = 500000 + 325000 = 825000
2. Ќе се зголеми процентот што го добива тимот кој продава играч од сопствената академија.
( Досегашниот систем стартуваше со 35% за играч од сопствената академија)
3. Ќе се зголеми и процентот на бонусот кој тимовите го добиваат при продажба на играчи од сопствената академија, од 5% на 10%.
Тоа ќе значи дека ќе добиете најмногу 80% + 10 % (бонус) = 90% од добиената сума за продаден играч, промовиран од академијата
4. Процентот на сумата што тимот би ја добил при продавање на играч ќе се зголемува побрзо од моменталниот систем.
Моменаталниот систем процентот го зголемува рамномерно. Во новиот систем процентот на почетокот ќе се зголемува многу побрзо.
(Ова се однесува на сите играчи)