Како што повеќето имате видено начинот за правење на трансфер на играч е сменет!
Купување на играч ќе биде поделено во две категории: 1. Аукција систем 2. Слободен агент
1. Играчот ќе остане на трансфер-пазарот 3 дена. Тимот кој ќе понуди највисока плата за играчот, а истотака даде понуда која што не е помала од 40% од највисоката понуда , ќе го купи играчот. (2 понуди : Плата + понуда)
2. Слободен агент е играч кој што може да потпише со било кој клуб. За да купите слободен играч вашиот тим треба да понуди највисока плата за играчот. (Вредноста која што тимот ќе ја плати за играчот е 40 х плата)
.............................................................
Парите што ќе ги добиете од трансферот се сменети на овој начин:
1. Ќе добиете 35% од вредноста на трансферот кога ќе продадете новокупен играч. Што подолго стои во тимот купениот играч, толку % од вредноста ќе се намалува. Moжете да добиете највеќе 80% од вредноста на трансферот ако играчот остане во вашиот тим доволно долго.
2. Ќе добиете 5% бонус од вредноста на трансферот кога продавате играч кој е промовиран од вашата академија.
Пример: Играч 1 промовиран од клуб А-> Трансфер во Б ->А добива 80%+5%=85% од вредноста на трансферот
3. Вредноста на трансферот кога се продава слободен агент зависи од должината на престојот на играчот во тимот:
-10% од вредноста на трансферот за 1 сезона.
-30% од вредноста на трансферот во втора сезона.
-Употребете го правилото од (1) за да ја определите вредноста на трансферот за трета сезона итн...
Забелешка:
-Правило (1) се однесува на сите играчи кои што биле во тимот до 09/09/2012.
Ова значи дека ќе добиете 80-85% со продажба на играчот(Дали е купен од трансфер-пазар или е промовиран од академија) кој бил во вашиот тим пред 09/09/2012.
-Буџетот за плати во собата за играчи (player room) ќе биде зголемена на следниов начин:
none 50,000-->50,000
Very Bad 75,000-->100,000
Bad 100,000-->150,000
Okay 150,000-->250,000
Good 200,000-->350,000
Very Good 300,000-->550,000
The Best 500,000-->800,000
...........................................
- Вие можете да го продолжите договорот на играчот само ако играчот побара нов договор или ако преостанатото време од неговиот договор е 1 година и играчот е сеуште среќен со вашиот тим.
-Ќе се користи различна хеуристика за да се пресмета платата за новиот договор.
Ако има некои прашања слободно поставете, а ако има забелешка за преведеното слободно кажете !